Како дел од целосен сет на услуги за дигитален маркетинг, InOne.mk им нуди на фирмите кои продаваат производи или услуги комплетна техничка и консалтинг поддршка за отварање на сопствени онлајн продавници. Постапката е поедноставена и брза, се завршува за 2-3 недели.
Преку партнерството, InOne.mk и Уни Банка за сите заеднички клиенти обезбедуваат единствена поволност – попуст од 140 ЕВРА за сите трошоци во првата година од отварање на онлајн продавницата.
Е-трговијата е во континиран пораст, не само глобално туку и на домашниот пазар. Во првите 6 месеци од 2020 год., во Македонија вкупната вредност на онлајн продажбата достигна 70 милиони евра, што е раст од 114% во однос на истиот период лани. Дел од овој тренд секако се должи и на променетите потрошувачки навики поради актуелната Ковид-19 епидемија. Истовремено таа услови бројни потешкотии за сите домашни бизниси, а посебно за малите и средни фирми. Оттаму произлегува намерата на InOne.mk и Уни Банка да им помогнат на бизнисите да останат блиску до купувачите. Поедноставно и со намалени трошоци, фирмите можат да имаат своја онлајн продавница и значајно да ја зголемат продажбата, што сигурно им е еден од најголемите предизвици во овој период.
InOne.mk е најновиот бренд на Р3 Инфомедиа, фирмата креатор на Златна книга, www.zk.mk и www.marketkonekt.com.
За повеќе информации посетете ја www.inone.mk или контактирајте не’ на contact@inone.mk или (02) 3177 888.